Не ви треба брашно: Рецепт за палачинки со само две состојки кои ќе ви дадат енергија за цел ден

Фото: Pexels / Jane Doan

Совршен рецепт за совршен почеток на денот. Не само што е вкусен и полн со протеини кои ќе ви дадат доволно енергија за сите секојдневни предизвици, туку е и толку едноставен што не можете да погрешите.

Единствено што ви е потребно за овие палачинки се две состојки, јајца и крем сирењето. не ви е потребно брашно, но секако дека ќе треба да ја намачкате со нешто тавата за печење, а дали ќе изберете путер или масло зависи од вас.

За подготовка на смесата ви требаат точно 36 секунди, а палачинките ќе ги испечете за помалку од 15 минути. Рецептот е американски, па палачинките се помали.

Количината на состојки наведени во рецептот е доволна за две порции. Палачинките по желба може да се засладат и збогатат со овошје, а можете да ги послужите и во солена варијанта – на пример, со урда или конзервирана туна.

Состојки:

– 120 грама крем сирење
– 4 јајца
– путер или масло за пржење

Подготовка:

Измешајте ги крем сирењето и јајцата во блендер. Загрејте тава со малку масло или путер на средна температура.

Смесата изматете ја со лажичка и печете по една палачинка додека не ја потрошите целата смеса.

Печете додека рабовите не почнат да се одвојуваат и целата палачинка сама не се одлепи од тавата, па свртете и печете ја од другата страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот