Не се залажувајте повеќе – преземете нешто: 10 знаци кои јасно покажуваат дека не сте среќни во бракот

Речиси секоја жена порано или подоцна сака да се смири и вдоми покрај еден маж.

Но, без ралика дали ќе се омажите или не, сигурно веќе знаете дека бракот не значи нужно и среќа. Некои жени признаваат јавно дека се несреќно омажени, но некои не се спремни да го признаат тоа ниту на својот партнер, а понекогаш ниту на самите себе. Сепак, постојат одредени знаци кои укажуваат на тоа дека жената е незадоволна во бракот. Дали ги препознавате?

1. Помалку зборувате

Кога жената ќе ја намали комуникацијата со сопругот или ја сведе на минимум, тоа е дефинитивно знак дека нешто ја мачи.

2. Брзо избувнувате

Несреќните жени секогаш се на раб, па така лесно ги губат живците и поради најмали ситници.

3. Постојано сте уморни

Едно истражување откри дека жените во несреќни бракови имаат пониско ниво на хормонот кортизол, што како нуспојава, меѓу остантото, е и хроничниот замор.

4. Одбивате секс

Жената која во бракот е несреќна често ќе ги избегнува допирите од сопругот, особено под прекривката.

5. Имате тајни

Во бракот за тајни нема место, а штом тие ќе се појават, тоа значи дека некој е незадоволен.

6. Губите доверба

Бракот се темели на меѓусебна доверба, а недостатокот на истата може да значи дека само ќе го расипеме.

7. Не обрнувате внимание

Кога жната ќе го загуби интересот за својот сопруг, тогаш не може ниту да биде среќна со него.

8. Имате нови интереси

Доколку жената постојано бара нови причини за да биде што подалеку од сопругот, од хоби до излегувања со пријателките, тогаш во тој брак нешто не чини.

9. Размислувате само за себе

Жените кои во бракот се несреќни често знаат да станат себични. Личните интереси им стануваат се поважни, а за желбите на партнерот и потребите престанува да им биде грижа.

10. Го менувате изгледот

И ненадејната промена на бојата на косата, фризурата или начинот на облекување може да биде знак дека жената е несреќна во бракот и дека е подготвена да заврти нова страница во животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот