Не поставувајте сами дијагноза – Еден од најголемите митови за високиот притисок

Еден од митовите поврзани за високиот притисок, како што велат лекарите, секако е и оној дека високиот крвен притисок се поврзува со нервозата, потењето, тешкотиите со спиењето…

Зголемениот крвен притисок или хипертензија се нарекува и „тивок убиец“, бидејќи често нема никакви симптоми, а личноста најчесто дознава дека го има дури откако ќе го измери или, во полош случај, кога ќе доведе до оштетувања на некои важни органи.

Симптомите какви што се крвавење од носот, вртоглавица, црвенило на лицето, како и главоболка или замор, може да се јават кај лицата со зголемен крвен притисок, а еднакво се јавуваат и кај луѓето со „нормален“ крвен притисок.

Еден од митовите поврзани за високиот притисок, како што велат лекарите, секако е и оној дека високиот крвен притисок се поврзува со нервозата, потењето, тешкотиите со спиењето…

Вистината е дека високиот крвен притисок не е поврзан со тегоби, па затоа го нарекуваме „тивок убиец“. Препораката на лекарите е да не се обидувате сами да си поставите дијагноза, туку тоа да им го препуштите на стручњаците.

profimedia

Кои се оптималните вредности на крвниот притисок?

– Состојбата на притисокот  е оптимална ако систолниот притисок е понизок од 120, а дијастолниот понизок од 80 ммХг.

– Состојбата на притисокот  е нормална ако систолниот притисок е помал од 130, а дијастолниот помал од 85 ммХг.

– Состојбата на притисокот е гранична, ако систолниот притисок изнесува помеѓу 130 и 139 ммХг, а дијастолниот помеѓу 85 и 89 ммХг. Во тој случај повторно контролирајте го за една година.

– Прв степен на хипертензија подразбира систолен притисок помеѓу 140 и 159 ммХг, а дијастолен притисок помеѓу 90 и 99 ммХг. Во тој случај, се препорачува контрола на притисокот за два месеца.

– Втор степен на хипертензија подразбира систолен притисок помеѓу 160 и 179 ммХг, а дијастолен помеѓу 100 и 109 ммХг. Во тој случај, контрола на притисокот кај лекар би требало да направите за еден месец.

– Трет степен на хипертензија подразбира систолен притисок од 180 ммХг и повеќе и дијастолен од 110 ммХг па нагоре. Се препорачува лекарска помош за една недела.

Како да го измерите крвниот притисок?

Крвниот притисок не е константен – тој се менува во текот на денот и ноќта, а зависи од многу фактори, на пример, физичката активност, степенот на стрес на кој сте изложени, емоционалната состојба, периодот на денот (обично е повисок наутро отколку навечер) и слично.

Ако сакате да го измерите притисокот, направете го тоа во седечка положба, во мирна состојба и мерењето спроведете го трипати. Земете ја средната вредност, која ќе ви каже колкав е вашиот притисок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот