Не е секој за пиво: Знаци со кои телото ви сигнализира нетолерантност на овој пијалак

Фотографија: ФриПик

Доколку сте љубител на пиво и уживате во неговиот вкус, а потоа чувствувате замор, чудна болка и подуеност во стомакот или вртоглавица тоа не мора секогаш да значи дека сте испиле премногу.

Преработката на хмељот, јачменот и квасецот за потребите на производство на пиво е многу поразлична од онаа при подготовка на печива.

Иако пивото има и хранливи вредности сепак неговиот состав и структура може да бидат нетолерантни за вашиот дигестивен систем.

Ако имате барем еден од овие три симптоми додека пиете пиво треба засекогаш да се откажете од овој пијалак:

Чувствувате подуеност во стомакот

Веројатно на ручек или вечера сакате да се напиете по едно пиво, но потоа чувствувате некоја невообичаена мачнина.

Доколку оброкот кој го јадете е здрав, а притоа и немате друг здравствен проблем поврзан со дигестивниот систем тогаш дефинитивно е до пивото и неговиот состав.

Блага вртоглавица и вознемиреност

Секако ова правило не важи по испиени неколку пива туку по испиена нормална количина на пиво.  Составот на пивото сигнализира нетолерантност на јачмен, хмељ или квасец секако преработени на начин за потребите на производство на пиво.

Дијареа и отечени очи

Секогаш кога пиете пиво очите ви отекуваат, а се случува и честопати да имате дијареа. Некои ќе мислат дека пивото им го подобрува варењето на храната, но тоа не е така.

Дијареата е знак дека вашиот организам не може да поднесе пиво и општо целокупниот негов состав.

Немојте да очајувате има многу други прекрасни пијалаци во кои можете да уживате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот