Фото: Pixabay

Научниците тврдат: Наутро е најдобро да ги јадете овие три намирници

Исхраната игра клучна улога за нашето здравје, вклучувајќи го нивото на стрес и воспаленијата во телото. Додека преработената и нездрава храна може да предизвика воспалителни процеси и да го зголеми стресот, одредени намирници имаат спротивен ефект – тие можат да го намалат воспалението и да го поддржат целокупното здравје. Со правилниот избор на појадок, можеме да го намалиме ризикот од срцеви болести, дијабетес, хормонални нерамнотежи, дигестивни проблеми и ослабен имунитет. Затоа, експертите издвоиле три намирници кои е најдобро се консумираат наутро.

Бобинки

Бобинките, како што се боровинки и малини, се богати со антиоксиданти, како што се антоцијани, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспаленијата.

„Едноставен начин да ги вклучите во вашата утринска рутина е да ги додадете во смути или во чинија со овесна каша“, советува нутриционистката Каролина Шнајдер за „Ши фајндс“ (SheFinds). Исто така, препорачува гоџи бобинки, кои може да се вмешаат во јогурт или да се стават во појадокот.

Семки богати со омега-3 масни киселини

Чиа семките и семето од лен се одличен извор на растителни омега-3 масни киселини, кои го намалуваат воспалението и го поддржуваат здравјето на мозокот. Освен тоа, овие семки помагаат во здравјето на цревата, што игра важна улога во регулирањето на стресот.

„Можете да ги посипете врз авокадото на тост, да ги вмешате во смути или да ги додадете во јогурт“, предлага Шнајдер. Чиа пудинг или овесна каша се исто така одлични начини за да ги внесете во вашиот организам.

Ферментирана храна

Здравјето на цревата и мозокот се тесно поврзани, а ферментираната храна богата со пробиотици може да го намали воспалението и да ги регулира хормоните на стрес.

„Проботиците го поддржуваат здравјето на цревата, што позитивно влијае на расположението и функцијата на имунолошкиот систем“, објаснува нутриционистката и натуропатската лекарка д-р Мишел Сендс. Додавањето кефир во смути, кисела зелка со јајца или ферментиран зеленчук на тост со авокадо се одлични начини да ја вклучите ферментираната храна во вашиот појадок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот