Научниците открија на која возраст е најдобро да се роди дете

Фото: Пекселс/ polina-tankilevitch

Често се води дебата за тоа, која е најдобрата возраст за една жена да има дете. Унгарски научници го кажаа своето мислење по спроведената студија.

Студијата направена на повеќе од 31.000 раѓања покажала дека децата на жени кои родиле на возраст од 23 до 32 години имаат најмал ризик од вродени дефекти.

Тинејџерките и жените во раните дваесетти години почесто раѓале деца со дефекти на централниот нервен систем, кои влијаат на развојот на мозокот и ‘рбетот, додека бременостите на жените во зрели години најчесто се поврзуваат со деформитети на главата, вратот, очите и ушите.

Научниците од Универзитетот Семелвајс во Унгарија анализирале податоци од 31.128 бремености со потврдени нехромозомски дефекти, забележани во официјалната унгарска база на податоци помеѓу 1980 и 2009 година. Тие ги споредиле тие податоци со повеќе од 2,8 милиони раѓања во земјата во истиот 30-годишен период.

Севкупно, ризикот од вродени дефекти се зголемил за околу една петтина кај жените под 22 години во споредба со оние во идеалниот опсег на возраст од 23 до 32 години. Исто така, ризикот од вродени дефекти кај жените постари од 32 години бил за 15 отсто поголем.

Наодите се однесуваат на нехромозомски и негенетски вродени дефекти кои не се под влијание на гените на мајката. Негенетските, нехромозомски причини за вродени дефекти вклучуваат консумирање алкохол и тутун за време на бременоста, присуство на одредени медицински состојби и употреба на одредени лекови за време на бременоста, пренесува „ Кликс.ба“.

„Можеме само да шпекулираме зошто нехромозомските аномалии при раѓање имаат поголема веројатност да се развијат кај одредени возрасни групи. За младите мајки, главно може да бидат фактори на животниот стил како што се пушењето, конзумирањето дрога или алкохол, како и фактот дека тие често не се подготвени за бременост. Кај мајките на поодмината возраст, акумулацијата на влијанија како изложеност на хемикалии и загадување на воздухот, влошување на механизмите за поправка на ДНК, стареење на јајце клетките и ендометриумот, исто така, може да игра значајна улога“, вели д-р Богларка Пето, доцент. на Универзитетот Семелвајс и автор на студијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот