Училиште / илустрација / Фото: Wikimedia Commons

„Наставници ќе дежураат за време на одморите“ – Јаневска најави мерки за безбедност во училиштата

Безбедноста на училиштата повторно влезе во јавниот фокус, особено по последните случаи на меѓуврсничко насилство, но и случаите каде наставници и професори се фатени во недолично или агресивно однесување кон учениците. Министерката за образование, Весна Јаневска вели дека ќе наложи да се воведат дежурства на наставниците во училиштата, за време на одморите, во ходниците на училиштата, но и во дворовите.

„До безбедни училишта направивме многу за да стигнеме, но треба уште многу да се направи. Неколку прирачници, неколку упатства се дистрибуирани до самите училишта и до општините. Веќе најавив дека ќе бидат обврзни дежурствата на наставниците како во ходниците, така и во училишниот двор“, рече Јаневска на настан во Аеродром.

Голема група деца нападнале 13-годишно момче во Аеродром, му извадиле нож и снимале

Министерката вели дека во некои училишта тоа постои, но во огромен број училишта нема таква пракса, наставниците да дежураат по ходниците и во дворовите за време на одморите меѓу часовите.

„Сега, во разговор со градоначалникот (на Аеродром) разбрав дека (општината) плаќа 6.000.000 денари за обезбедување. Во едно минато време наставниците го правеа тоа, и имаше подобро воспитување на децата отколку да ги трошиме парите на некој кој не е вклучен во образовниот процес. Сите што се вклучени во образовниот процес: наставниците, стручната служба, но секако и родителите треба да помогнат во воспитувањето на децата, а добро воспитани деца, всушност обезбедуваат и добри безбедни училишта“, посочи Јаневска.

„Ја зајакнуваме улогата на наставникот на секој можен начин, бидејќи тие се клучот, како во образованието, така и во воспитувањето“, дополни министерката.

Таа апелираше до родителите, за малку повеќе внимание, и прифаќање на сугестите на наставниците.

Кривични и за родителите на девојчињата што учествуваа во инцидентот во Ѓорче Петров

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот