Убиство на жена во Минеаполис/Фото: Stephen Maturen / Getty images / Profimedia

Настаните во Минеаполис го бутнаа рејтингот на Трамп на историско ниско ниво

Американскиот претседател Доналд Трамп го забележа најниското ниво на поддршка од јануари 2025 година, откако јавноста се изјасни дека е незадоволна од неговата имиграциска политика, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос.

Според анкетата, само 38 проценти од испитаниците го одобруваат работата на Трамп како претседател, што е најниско ниво од неговото повторно доаѓање во Белата куќа. Во средината на јануари неговиот рејтинг изнесувал 41 процент.

Падот на поддршката главно се припишува на незадоволството од имиграциската политика на администрацијата. Анкетата покажа дека 39 проценти од испитаниците ја одобруваат таа политика, додека 53 проценти не ја одобруваат.

Анкетата исто така покажа дека околу 58 проценти од анкетираните сметаат дека агенциите за спроведување на имиграциските закони, како што е Американската служба за имиграција и царина (ICE), „отишле предалеку“ со своите мерки, додека 12 проценти веруваат дека мерките не биле доволно строги, а 26 проценти ги оцениле како „прилично соодветни“.

Повеќе загриженост предизвикаа два инцидента во Минесота, каде федерални агенти беа вмешани во смртта на двајца Американци, што предизвика масовни протести и широка дебата за употребата на сила од страна на федералните имиграциски власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот