НАСА - Артемис - Фото: Инстаграм

ФОТО | НАСА го одложи првиот лет со екипаж кон Месечината по 50 години поради екстремно ниските температури на Флорида

НАСА го одложи првото лансирање на програмата „Артемис“ со екипаж кон Месечината поради екстремно ниски температури што се очекуваат на местото за лансирање во Флорида, соопшти американската вселенска агенција. Летот на четворица астронаути кон Месечината и назад во рамки на мисијата „Артемис 2“ се планира за 8 февруари, два дена подоцна од првичната најава, пренесува „Еј-би-си“.

Поради студот, НАСА го откажа и тестот за полнење на горивото на ракетата висока 98 метри, кој требаше да се одржи за време на викендот. Клучната генерална проба сега е закажана за понеделник, акодозволат временските услови. Промената на термините значи дека НАСА има само неколку можни денови во февруари за лансирање, а ако и тие се пропуштат, мисијата ќе се помести за март.

„Секое дополнително одложување ќе доведе до поместување од ден во ден“, соопшти НАСА.

Функционерите велат дека греаачите ја одржуваат капсулата „Орион“ на врвот на ракетата на соодветна температура, додека системите на ракетата се приспособуваат на студените услови. Командантот на мисијата, Рид Вајзман, и останатите членови на екипажот сè уште се во карантин во Хјустон, а нивното доаѓање во Вселенскиот центар Кенеди е сè уште неизвесно.

Ова ќе биде прво испраќање на астронаути кон Месечината по повеќе од 50 години, откако мисијата „Apollo 17“ во 1972 година ја заврши оригиналната програма за истражување на Месечината.

НАСА – Артемис – Фото: Инстаграм

Америка во рамки на програмата Apollo од 1969 до 1972 година стана првата и единствена земја што испрати луѓе на Месечината. На нејзината површина слетаа 12 астронаути. Мисијата „Артемис“ е именувана по старогрчката божица Артемида, близначка сестра на Аполо, по кого е именуван најуспешниот вселенски програма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот