Направете си вкусни домашни варени ѓевречиња (РЕЦЕПТ)

Состојки:

500 грама брашно (може бело или мешавина од 300 грама бело и 200 грама интегрално брашно)

1/2 коцка свеж квасец или 20 грама сув квасец

1 ќесичка прашок за печиво

2 лажички сол

3 лажици масло за јадење

2 литри вода во која ќе се варат ѓевреците

1 лажица мед или 4 лажици шеќер

Подготовка:

Во длабок сад се става брашното, квасецот, прашокот за печиво, лажичка шеќер, масло за јадење, а потоа полека се додава млака вода за да се замеси тесто.

Замесеното тесто се покрива со крпа и се остава на топло 30 минути за да нарасне. Потоа тестото се става на набрашнета работна површина, се премесува и се делат 12 топчиња. Од секое топче се обликува ѓеврек. На средината на топчето со прстите правиме дупка и добиваме круг. Со провлекување низ прстите се оформува ѓеврекот.

Ѓевреците ги оставаме да „одморат“ десетина минути, а за тоа време ја подготвуваме водата за варење.

Доколку се користи шеќер постапката е следна:

Во тенџере на загреана рингла се става шеќерот и се карамелизира. Потоа се додава вода и чекаме таа да зоврие.

Доколку се користи мед:

Во тенџере на загреана рингла ставаме вода, во неа ставаме мед, мешаме за да се раствори и чекаме да зоврие водата.

Во зовриената вода се ставаат ѓевреците и се варат од 2 до 5 минути. Варените ѓевреци се посипуваат со сусам, кој заради шеќерот (медот) се лепи на нив. Наросените со сусам ѓевреци се редат во тава. Користете хартија за печење.

Откако ќе се наредат во тавата, оставаме ѓевреците да отстојат 5 минути и потоа ги печеме во претходно загреана рерна. Се печат на 250 степени, 25 минути, оние што сакаат ѓевреците да бидат покрцкави може да печат уште некоја минута плус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот