Напиток кој се бори со токсините: За 5 дена послаби за 3 килограми

За време на летниот период доколку сакате да намалите 3 килограми за 5 дена, применувајте исклучиво здрави рецепти.

Потребни се пет минути за да го направите напитокот и да ја регулирате диетата, со што ќе ги исчистите токсините од организмот.

Намирници:

  • 60 грама магдонос
  • 1 лимон
  • 2, 3 дл вода

Подготовка:

Исечете го магдоносот и исцедете го сокот од лимонот. Ставете ги двете состојки во чаша и додадете вода.

Пијте го напитокот наутро на празен стомак пет дена, а потоа одморете десет дена. Овој пијалок го забрзува согорувањето на калориите и му ги обезбедува на телото потребните витамини и минерали.

Магдоносот го подобрува варењето и му помага на телото да исфрли вишок течности, со што се елиминира надуеноста.

Препораките за претпазливост со магдонос се однесуваат само доколку имате низок притисок. Витаминот Ц од лимонот е секогаш добредојден, како и студената вода во топлите денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот