Наоми Кемпбел се појави со огромен дијамантски прстен: Ги поттикна гласините дека е свршена

Фото: Принтскрин/ Икс/Connect Showbiz

Манекенката Наоми Кемпбел неодамна присуствуваше на Формула 1 Гран при во Обединетите Арапски Емирати каде носеше голем дијамантски прстен, што предизвика гласини за свршувачка, пишува „Дејли меил“.

Наоми Кемпбел е фотографирана во Абу Даби во друштво на нејзиниот поранешен вереник и италијански бизнисмен Флавио Бријаторе, со кој беше свршена до 2002 година, а подоцна им се придружи и руската тенисерка Марија Шарапова.

Како што пренесуваат странските медиуми, Кембел имала можност да се запознае со Луис Хамилтон, како и со актерот Орландо Блум, музичарот Гери Хорнер и принцезата Јуџини и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк.

Таа за оваа пригода облече црно-бел фустан со цветен дезен, а стајлингот го заокружи со огромен дијамантски прстен.

Бидејќи приватниот живот го држи во тајност, не се знае кој е нејзиниот сегашен партнер, како што не се знае кој е татко на нејзините деца. Инаку, Наоми за прв пат стана мајка на 50 години во 2021 година кога објави дека има девојче, а оваа година објави и дека добила син.

Кемпбел сѐ уште не зборувала за медиумите, но доколку ги потврди гласините, ова ќе ѝ биде трет пат да се вери. Покрај италијанскиот бизнисмен Флавио Бријаторе, манекенката во 1993 година се вери и со басистот на U2, Адам Клејтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот