Наместен натпревар на Ролан Гарос?!

epa08717138 Clouds move in over Court Suzanne-Lenglen during the third round match between Spanish players Roberto Bautista Agut and Pablo Carreno Busta at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 03 October 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Грен слем турнирот во Париз откако започна на почетокот од изминатата недела предизвилува многу контроверзи со одлуките на организаторите кои исфрлија неколку тенисери од турнирот иако не беа позитивни на короинавирусот, а вечерва имаат проблеми и со обложувачката мафија.

Имено, денеска се појави информација дека еден натпревар од овогодишното издание на Ролан Гарос е наместен.

Станува збор за дуелот во женски двојки во кој Романките Андреа Миту и Патриција Марта Тиг играа против Американката Мединсон Бренгле и Јана Сизикова од Русија.

Романските тенисерки победија со 2:0, но се појавија сомнежи дека дуелот е наместен.

Имено, обложувалниците и букмејкерите пријавиле огромни облози на овој меч и тоа за петтиот гем од вториот сет.
Тогаш Бренгле и Сизикова го загубија својот сервис гем без ниту еден освоен поен, а потоа во наредниот направија брејк. Потоа следеше нов загубен сервис на Бренгле и Сизикова и на крајот загубија со 2:0.
Во истрагата веднаш се вклучи полицијата и доколку се докаже дека дуелот е наместен ќе следуваат драконски казни за тенисерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот