Наковски и Ѓорѓиев пред Азербејџан: Да го подобриме нападот и да не правиме грешки

Фото: Screenshot

Македонија утре оди на победа против Азербејџан. Вториот од трите турнири во годинашата Европска златна лига е значаен за македонските одбојкари затоа што само тука, во Беверен, може да почувствуваат како е да се подготвува натпревар со фаворитска улога. Тоа важи за нас уште против Азербејџан, а в недела ќе се вратиме на позициите како против Естонија и Чешка во Струмица.

„За мене Азербејџан ќе биде вистинската прверка пред квалификацискиот натпревар со Грузија. Тоа се две изедначени репрезентации, ние ги победувавме во минатото, но тоа не мора ништо да значи и затоа треба добро да се подготвиме. За утре е најважно да не правиме грешки. Мислам дека тоа ќе биде доволно за да го совладаме Азербејџан“, вели капитенот Никола Ѓорѓиев.

Противникот има комбиниран состав според возраста, пестмина се родени пред 2000-та, но и повозрасните не се ветерани. Селекторот Фарид јајалов веќе седум години го води тимот, тоа зборува за постојаност во работата, но утре работите ќе зависат од нас.

„Треба да го подобриме приемот. Работевме на тоа по натпреварите со Естонија и со Чешка, така што мислам дека ќе овозможиме полесен наш напад и игра којашто ќе ни овозможи да се радуваме против Азербејџан“ вели селекторот Хари Наковски.

Азербејџан двапати играше во Европската лига. Во единствената во 2014-та кога ние бевме трети, тие ги загубија сите 8 натпревари. Во 2019-та во Сребрената лига кога имаа биланс 2-4, двапати победија против Грузија – нашиот противник на патот кон ЕП 2026. Минатиот викенд беа поразени од Романија и од Украина, што значи дека вкупниот биланс им е 2-14 во Европската лига. Ние, пак, ја очекуваме 45-тата победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот