Најубавите цитати од Жарко Лаушевиќ: Не е ова лошо време, лоши сме ние

Жарко Лаушевиќ / Фото: Инстаграм/Киненова

Легендарниот Жарко Лаушевиќ, кој по краткo и тешко боледување почина на 63-годишна возраст, беше актер кој засекогаш ќе остане запаметен во регионот по многуте улоги, но и по неговите мудри цитати.

Лаушевиќ своите мудри зборови ги преточи и во своите книги. За својот живот тој ги напишал автобиографските книги „Падре, идиот!“, „Втората книга“, „Годината поминува, денот никогаш: Дневникот на еден затвореник“ и „Сè поминува дури и доживотнa“. Неговата мудрост ќе остане засекогаш, а ова се само дел од неговите најубави цитати:

„Годината поминува, денот никогаш.“

 

„Моето молчење не значи дека не знам што ми зборуваат луѓето зад грб. Моето молчење е само знак дека не го заслужуваат мојот коментар.“

 

„Во добри времиња сите се таму, а кога доаѓаат тешки времиња, сите се кријат. Очигледно, не сакаат да го носат товарот на другите за кој не се плаќа.“

 

„Сите зборуваат со својот молк, а тишината кажува сè!“

 

„Оние кои длабоко сакаат никогаш не стареат; дури и да умрат од старост, умираат млади.“

 

„Не е ова лошо време, лоши сме ние. Ние сме тие кои поминуваме низ животот сакајќи ги погрешните и газејќи ги вистинските.“

„Сите лаги, сите зла, сите немири на овој свет доаѓаат од сомнеж. Да нема сомнеж, немаше да има толку зло.“

 

„Најдете срце што ќе ве сака кога сте во најлошото и раце што ќе ве заштитат кога сте најслаби“.

За потсетување, во име на целото семејство сопругата на Лаушевиќ ја информираше јавноста дека на 15 ноември по кратко и тешко боледување, почина познатиот актер.

Жарко Лаушевиќ е роден на 19 јануари 1960 година во Цетиње. Тој беше српски и црногорски филмски и телевизиски актер. Дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Бил член на Југословенско драмско позориште каде што има остварено улоги во голем број на претстави.

Дебитирал во 1984 во филмот „Прогон“, а истата година остварува значајни улоги во филмовите „Савамала“ и „Директен пренос“. Голема популарност добива со улогата на Шиља во телевизиската серија „Сиви дом“.

Играл улоги во повеќе од 20 филмски и телевизиски серии помеѓу кои се: „Шмекер“, „Свечена обврска“, „Се случи на денешен ден“, „Офицерот со роза“, „Браќа по мајка“, „Битка на Косово“, „Оригинален фалсификат“, „Кажи зошто ме остави“, „Нож“.

Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот