Фото: Инстаграм/Пјудипај

Најпознатиот јутјубер ќе престане да снима месечни влогови: „Сакаме синот да расте подалеку од интернетот“

Пјудипај (PewDiePie), еден од најпознатите јутјубери во светот, откри дека во септември годинава ќе престане да ги снима своите месечни влогови, со што ќе стави крај на проект што траеше речиси четири години.

Вистинското име на креаторот е Феликс Кјелберг, а одлуката, како што објасни, ја донел поради неговиот син Бјорн, кој наскоро ќе наполни три години.

„Марција и јас одлучивме во септември да престанеме со влоговите. Главната причина е што сакаме Бјорн да расте подалеку од интернетот и да ужива во животот под свои услови“, изјавил Пјудипај.

Тој нагласил дека не сака неговиот син уште од мали нозе да стане „преголем дел“ од содржината на неговиот канал.

„Ако еден ден посака да биде дел од моите видеа, никогаш не би го спречил. Но, сметам дека тоа треба да биде негов избор“, додал јутјуберот.

Месечните влогови првично започнале како начин Феликс и неговата сопруга Марција Кјелберг да го документираат преселувањето во Јапонија, но подоцна прераснале во семејна хроника.

Во најновото видео, Пјудипај патува низ Јапонија, учествува во хуманитарна велосипедска тура со јутјуберот Си-дог-ви-еј (CDawgVA) и поминува време со семејството во Осака.

Иако влоговите завршуваат, семејството откри дека повремено сепак ќе споделува делови од приватниот живот на социјалните мрежи.

„Сега избираме приватност наместо содржина“, порача Пјудипај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот