Фото: Профимедиа

Направете го најмоќниот лек за анемија: Овој пијалак брзо ќе ви ја подобри крвната слика

Малаксаност, вртоглавица, главоболка или губење на силата се најчестите симптоми на анемија, односно слабокрвност. Ако имате некој од овие симптоми, најдобро би било да посетите лекар.

Железото е клучен минерал кој е заслужен за транспортот на кислородот низ организмот. Недостигот на овој минерал предизвикува анемија, додека хроничниот недостаток може да доведе и до откажување на органите.

Анемијата е всушност намалена количина на црвени крвни зрнца поради недостиг на железо. Без доволна количина железо, организмот не може да произведе доволно хемоглобин, супстанција во црвените крвни зрнца која овозможува пренесување на кислород до ткивата. Како резултат, доаѓа до појава на слабост, замор и раздразнетост.

Анемијата во голем број случаи е предизвикана од несоодветна исхрана која не вклучува доволно железо, фолна киселина или витамин Б12.

Овој пијалак е вистинска витаминска „бомба“, содржи доволно количина на железо, па многу брзо, ако страдате од анемија, ќе забележите подобрување.

Состојки за пијалакот:

2 круши
1/2 чаша спанаќ
1/2 зелена салата
малку магдонос
1 лимета
неколку ливчиња нане

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето и зеленчукот, а лиметата излупете ја. Сите состојќи ставете ги во соковник.

Железото може да му го обезбедите на телото и преку исхраната. Ова се некои намирници што содржат многу железо:

– житарки збогатени со железо
– црно чоколадо и какао во прав
– семки од тиква
– јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници…)
– мешунки (грав, грашок, леќа)
– суви кајсии
– сливи
– растенија слични на спанаќ
– артичока
– тофу
– туна
– путер од кикиритки
– жолчка од јајце
– суво грозје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот