Кардашиан-Џенер - Фото: Инстаграм

Најлуксузните божиќни забави кои чинат милиони: Како семејството Кардашиан-Џенер ја гради традицијата

Членовите на славното семејство Кардашиан-Џенер со години организираат божиќни забави кои важат за едни од најскапите во светот на шоу-бизнисот. Крис Џенер ја започнала традицијата на божиќни забави уште во 1978 година, а од тогаш многу нешта се промениле во семејството.

Божиќните прослави на семејството Кардашјан-Џенер одамна се симбол на луксуз и гламур во Холивуд, а сега конечно е откриено и како се распределуваат трошоците за оваие ексклузивни забави.

Кардашиан-Џенер – Фото: Инстаграм

Во специјална празнична епизода од поткастот „Khloé & Kris Jenner: A Krismas Special“, Клои Кардашиан и нејзината мајка Крис Џенер отворено зборувале за организацијата и финансирањето на традиционалната божиќна забава која семејството ја одржува со децении.

Клои објаснила дека трошоците повеќе не ги покрива само една личност, туку членовите на семејството заеднички се договараат и рамноправно го делат финансискиот товар, во зависност од тоа кој учествува во организацијата и кој е домаќин.

Кардашиан-Џенер – Фото: Инстаграм

Божиќната семејна традиција започнала кон крајот на 70-тите години, во периодот кога Крис Џенер била во брак со Роберт Кардашиан. Она што некогаш било мало и интимно семејно собирање, со текот на времето прераснало во голем настан на кој редовно присуствуваат и бројни познати личности од светот на забавата.

Во поново време, поради бројните обврски и сè поголемиот број членови, организацијата се планира однапред, а сите вклучени учествуваат во договорите. Сепак, како што нагласи Клои, право да донесуваат одлуки имаат само оние кои навистина се појавуваат на состаноците.

Кардашиан-Џенер – Фото: Инстаграм

Иако божиќните забави на Кардашиан-Џенер се познати по раскошот, се чини дека семејството во последните години сè повеќе се свртува кон поинтимен концепт. Минатогодишната прослава се одржала во домот на Кендал Џенер во Беверли Хилс, а меѓу гостите имало и многу блиски пријатели и славни имиња.

И покрај сите промени, едно останува исто – божиќната забава на семејството Кардашиан-Џенер и понатаму е настан за кој многу се зборува, а сега е појасно од кога било како изгледа организацијата зад затворени врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот