Најкомичниот пенал во историјата на хокејот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Поради неговото промашување екипата на Бостон Бруинс го загуби натпреварот од Филаделфија во рамките од американската хокеарска лига (НХЛ).

Конкуренцијата за „титулата“ најбизарен изведен пенал во историјата на зимскиот спорт е прилично голема, а на неа успеа да се најде и еден од најдобрите хокеари на светот, Бред Марчанд, пишува „Марка“.

Хокеарот на Бостон Бруинс на натпреварот против Филаделфија Флајерс во обидот да го изведе казнетиот удар успеа да го промаши „пакот“ и дури без него тргна кон противничкиот гол.

Неговата голема утка се случи во серијата пенали која следуваше после регуларниот дел од мечот кој беше завршен со резултат 5:5.

Токму поради ова промашување, неговиот Бостон го загуби натпреварот.

Моментно на табелата во Источната конференција второпласиран е Бостон Бруинс со 66 бодови, еден помалку зад водечкиот Вашингтон Капиталс, додека на осмата позиција е Филаделфија Флајерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот