НАЈГОЛЕМИОТ ИЗМАМНИК ВО СПОРТОТ: Воопшто не се каам за допингот

EPA/OLIVIER HOSLET

Ленс Армстронг со право го сметаат за најголем измамник во историјата на спортот, бидејќи на сите седум триумфи (1999-2005) на трката „Тур Д’Франс“ беше допингуван. Подоцна му беа одземени сите седум победи, а во 2012 година доби доживотна забрана од страна на Светската велосипедска федерација.

– Многу научив од своите грешки. Не би ги научил лекциите да не се однесував така. Работевме се што беше потребно за да победиме. Не беше легално, но ништо не би променил, без разлика што изгубив многу пари или што од херој на нацијата станав нула од човек – изјави Армстронг на телевизијата Ен-Би-Си.

Американскиот велосипедист постојано ги демантираше обвинувањата дека користел допинг, но во 2013 година конечно ја призна вината и тоа во ТВ интервју.
Тој во 2018 година, се согласи на Владата на САД да и исплати 5 милиони долари поради тужбата која можеше да го чини дури и 100 милиони долари бидејќи Армстронг беше обвинет за измама додека возеше за тимот кој го спонзорираше поштата на САД.

– Тоа беше грешка која водеше во други грешки и на крајот дојде до најголемиот колапс во историјата на спортот. Но, многу научив и не би го сменил начинот на кој се однесував. Немаше да бидам под истрага и на крајот казнет доколку не се однесував така, арогантно. Доколку молчев и се допингував немаше да ме „фатат“ – вели Армстронг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот