Најдобрите тенисерки не сакаат да играат на УС Опен

Грен слем турнирот во Њујорк оваа година може да се одржи без најдобрите тенисерки бидјеќи многу од нив немаат намера да одат во САД кон крајот на август.

 

Иако пандемијата на коронавирусот донесе тешки времиња во САД, организаторот на УС Опен нема намера да го одложи грен слем турнирот чиј старт е закажан за 31. август.
Но, според медиумите поголем дел од високо рангираните тенисерки немаат намера да настапат на УС Опен, од десетте најдобри тенисерки досега четири го откажаа настапот, бројот најверојатно ќе се зголеми доколку не се смири состојбата со пандемијата.

Првата тенисерка на ВТА ранг листата, Ешли Барти, најверојатно нема да патува за Њујорк, таа неодамна изјави дека здравјето и е најважно и доколку не се смири состојбата со коронавирусот, таа нема да настапи на УС Опен.
Учеството го откажа и втората тенисер ка ВТА ранг листата, Симона Халеп која потврди дека нема да ја напушта Европа и ќе игра само на турнирите кои ќе се одржат на стариот континент.

Уште две тенисерки од топ 10 исто така нема да патуваат за Њујорк, петтата Елена Свитолина и седмата светска тенисерка, Кики Бертенс, додека од најдобрите учеството го потврди само Серена Вилијамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот