Најдобрите паметни телефони во последните неколку години

Авторитетното издание на Business Insider објави сопствено рангирање на најдобрите паметни телефони во последниве години.

На прво место на огромно изненадување на сите се најде „Убиецот на премиумите“, OnePlus 6T, кој беше претставен во ноември минатата година.

Експертите се потпираат на одличниот дисплеј, атрактивениот дизајн, големата брзина на работа, и што е најважно, достапноста, во споредба со другите врвни уреди, цената.

Второ-рангиран е најновиот предводник на „Samsung“, но не основниот, туку едноставниот – Galaxy S10e. Судејќи според сè, тоа е стапката на цена и квалитетот станаа за авторите на рангирањето главен критериум при селекцијата.

А тоа значи дека „бронзата“ е за најевтината последна серија на паметните телефони на Apple – iPhone XR.

Првиот скап предводник го зазема само четврто место. Тоа е Samsung Galaxy S10 Plus. Помладиот брат е на петтата позиција.

Потоа во рангирањето следат Google Pixel 3/Pixel 3 XL, Samsung Galaxy Note 9, iPhone XS/iPhone XS Max, Samsung Galaxy S9 Plus, iPhone X.

Во втората десетина од листата се наоѓаат iPhone 8 Plus, Samsung Galaxy S9, Huawei Mate 20 Pro, iPhone 8, Razer Phone 2, LG V40, iPhone 7/7 Plus, Moto G7, LG G8 и конечно – BlackBerry Key2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот