Најдобрата светска тенисерка на 25 години ја заврши кариерата

Ешли Барти одлучи на 25 години да заврши со тениската кариера/ фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Прворангирата на ВТА листата Ешли Барти од Австралија на 25-годишна возраст на општо изненадување реши да се пензионира.

Иако се очекуваше Австралијката да доминира во наредните години, тоа нема да се случи. Барти, инаку, е актуелен шампион на „Австралија опен“, а лани го освои „Вимблдон“, односно „Ролан Гарос“ во 2019 година.

– Среќна сум и подготвена да го направам тоа. Знам дека во овој момент во моето срце, за мене како личност, ова е правиот потег – изјави Барти.

Единствениот Грен слем кој Барти не успеа да го освои беше „УС Опен“, каде што нејзиниот максимум беше четвртото коло, во два наврати.

– Не бев сигурна како да ја споделам оваа вест со вас, па го замолив мојот добар пријател (поранешната тенисерка Кејси Делаква) да ми помогне. Благодарна сум за се што ми даде овој спорт и се чувствувам горда и исполнета. Ви благодарам на сите кои ми помогнаа. Секогаш ќе бидам благодарна за животните искуства што ги создадовме заедно – вели Барти која појасни дека има други цели во животот.

Нејзиниот учинок во кариерата е 305 победи и 102 порази, а заработила вкупно 23.829.071 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот