Најбрзиот човек на светот не може да се натпреварува на Олимписките игри

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Судот за спортска арбитража (ЦАС) за шест месеци ја намали двегодишната суспензија на светскиот шампион во атлетика на 100 метри, Кристијан Колман од САД.

Потсетување дека аметиканскиот атлетичар ја доби суспензијата поради кршење на антидопинг правилата и поради тоа нема да може да се натпреварува на Олимписките игри во Токио.

Првичната казна на Колман требаше да важи до 13 мај 2022 година, а откако судот во Лозана истата ја намали, ќе може повторно да се натпреварува по 14 ноември оваа година.

Одложената Олимпијада во Токио е закажана од 23 јули до 8 август 2021 година. Колман нема да биде во конкуренција за олимписките медали, но од 18 до 20 март следната година во Белград (Србија) ќе може да ја брани титулата светски шампион (од Бирмингем 2018 година) во сала на 60 метри од Бирмингем 2018 година.

Одборот на ЦАС утврдил дека Колмен ги прекршил одредбите од правилникот за антидопинг, но пресуди дека „степенот на небрежност е помал од оној утврден во жалбената одлука“.

Колман не беше на наведената локација трипати во рок од 12 месеци за да даде примерок за тестирање, што се смета за кршење на правилото за анти-допинг.

– Ценам дека судот правилно заклучи дека сум „чист“ спортист, но разочаран сум што нема да можам да настапам на Олимписките игри ова лето, но се радувам што ќе ги претставувам САД на двете светски првенства во 2022 година, а особено на она летното кое за првпат ќе се одржи во мојата земја каде планирам да ја бранам титулата против новиот олимписки победник на 100 метри – вели Колман.

Американскиот спринтер победи на 100 метри на Светското првенство во Доха 2019 со време 9,76 секунди и важеше за најголем фаворит за златниот олимписки медал во Токио. Светскиот рекорд го држи Усеин Болт од Јамајка (9,58 секунди).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот