Најбогатиот човек на планетата ужива тука: Ѕирнете во имотот вреден 195 милиони долари! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Погледнете во најскапиот имот во Калифорнија…

Неверојатниот имот со огромна вила изградена од поранешниот сопственик на „Ворнер брадерс , која, наводно, пред неколку месеци била купена од најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос буквално го одзема здивот.

Во Лос Анџелес, поточно во луксузната населба Бел Ер, се простира имот од 400 ари на кој поранешниот сопственик на најголемата продукциска компанија во светот изградил прекрасна вила за себе, која сега е продадена за неверојатни 195 милиони долари.

На имотот кој е наречен „Чартвел, е сместена оваа вила направена во француски стил од 18-тиот век, со дополнителна гостинска куќа која има 5 спални соби, винарска визба, мебел, слики и скулптури купени на аукции, а сето ова се само мал дел од работите поради кои мора да го погледнете следново видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот