Цената на нафтата стрмоглаво паѓа откако Иран го отвори Ормускиот Теснец за пловидба
Брент суровата нафта, меѓународниот репер, падна за повеќе од 10 отсто на 88,8 долари за барел. Тоа е значително под врвот од 119 долари минатиот месец, но сè уште далеку повисоко од 72 долари пред војната.
Цените на нафтата и гасот денеска нагло паднаа, откако Иран соопшти дека Ормускиот Теснец е отворен за комерцијален бродски сообраќај, што потенцијално го отвора патот за танкери, што носат милиони барели нафта и гас, да стигнат до глобалниот пазар, објави „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека бродовите ќе можат слободно да минуваат низ Ормускиот Теснец за времетраењето на 10-дневното примирје меѓу Израел и Либан, кое беше постигнато во четвртокот.
Суровата нафта Брент, меѓународниот репер, падна за повеќе од 10 отсто на 88,8 долари за барел. Тоа е значително под врвот од 119 долари минатиот месец, но сè уште далеку повисоко од 72 долари пред војната.
Претседателот Доналд Трамп подоцна изјави дека американската поморска блокада за користењето на теснецот од страна на Иран ќе остане во целосна сила сè додека Вашингтон не постигне договор со Техеран. Тој рече дека процесот „треба да оди многу бргу“ бидејќи „поголемиот дел од точките веќе се договорени“.
Европскиот договор за гас, како репер, падна за околу 6,4 отсто на околу 39 евра (34 фунти) по мегават-час, поради надежите дека дипломатскиот напредок меѓу САД и Иран може да го заврши конфликтот.
Иран целосно го суспендираше извозот на петрохемиски производи
Веста ги подигна и берзите на двете страни од Атлантикот. Германскиот Дакс (DAX) и францускиот Цац 40 (CAC 40) пораснаа за околу 2 отсто, а Дау Џонс и СП 500 (S&P 500) во Њујорк се отворија со раст од над 1 отсто. Во Лондон, ФТСЕ 100 заврши со раст од 0,7 отсто.
За помалку упатените, Дакс и Цац 40 се главни берзански индекси во Германија и Франција и ги следат најголемите компании на нивните пазари. Дау Џонс и СП 500 се клучни американски индекси што ја прикажуваат состојбата на големите компании во САД, додека, пак, ФТСЕ 100 ги опфаќа најголемите 100 компании на Лондонската берза. Овие индекси се користат како показател за движењата и за расположението на глобалните финансиски пазари.
Конфликтот околу Ормускиот Теснец предизвика сериозни нарушувања во глобалните испораки на нафта и гас, што доведе до енергетска нестабилност.
Цените почнаа да паѓаат по најавите за примирје меѓу Израел и Либан и можен напредок во преговорите меѓу САД и Иран.
Иранските власти тврдат дека теснецот е повторно отворен за време на примирјето, но остануваат неизвесни условите за транзит и безбедноста на пловидбата.
Израел му подаде една рака на Либан, но другата ја крие зад грб


