PCK (ПСК) рафинерија за нафта EPA-EFE/FILIP SINGER

Иран целосно го суспендираше извозот на петрохемиски производи

Иран целосно го суспендираше извозот на петрохемиски производи за да даде приоритет на домашното снабдување и да спречи недостиг на суровини, пренесуваат медиумите.

Се наведува дека државната национална петрохемиска компанија им наредила на компаниите да го суспендираат извозот до понатамошно известување.

Некои од иранските центри за производство на петрохемиски производи беа цел на израелски воздушни напади во последните недели, додека американската поморска блокада ги спречува бродовите да ги користат иранските пристаништа.

Доколку информацијата биде потврдена од иранските претставници, тоа практично би значело дека американскиот претседател Доналд Трамп, со одлуката за воведување блокада на Ормускиот Теснец, ја постигнал својата цел да употреби економски притисок за да го принуди Иран да седне на преговарачката маса со поинаков став од досегашниот, посочуваат медиумите.

Инаку, американските сили, за потсетување, распоредија околу 20 воени бродови во регионот каде што се наоѓа Ормускиот Теснец.

Техеран засега нема коментар, но се заканува

Од друга страна, воениот советник на иранскиот врховен лидер, Мохсен Резаи, изјави дека иранските системи за лансирање се подготвени да ги погодат американските воени бродови и да ги „потонат“.

Резаи, во телевизиско интервју изјави дека Иран може да го зголеми воениот притисок врз своите противници и дека, како што посочи тој, секој обид за поморска блокада на Иран ќе биде „неуспешен“, објави порталот „Прес ТВ“.

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот