Надал се откажа од Вимлбдон и од ОИ во Токио

Шпанецот поради повреда веќе ја завршува сезоната 2021/Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да си земе подолг одмор и да не учествува на на двата големи тениски настани,  Вимблдон и на Олимписките игри во Токио.
– Здраво на сите. Сакам да ве известам дека решив да не учествувам на следното издание на Вимблдон што ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули. Исто така нема да играм на Олимписките игри кои се закажани за 24-30 јули. Морам да го слушам телото, ваквите одлуки никогаш не се лесни –  објави Надал.
Како главна причина за откажувањето од Вимблдон е кратката пауза помеѓу Ролн Гарос и наредниот грен слем турнир кој се игра на трева.
– Податокот дека имаме само две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон, направи моето тело да не може да се опорави по тешката сезона на земја. Зад мене се два месеци исполните со големи напори и со оваа одлука сакам да се фокусирам на средните и долгорочните планови. Превенцијата од било какви непосакувани повреди во оваа фаза од кариерата е многу важна и е неопходна за да можам да играм на највисоко ниво – вели Надал.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот