Надал: Ги заслужив сите порази, освен еден

EPA-EFE/KIKO HUESCA

Рафаел Надал изненадувачки во 2019 година сè уште нема триумфирано на ниту еден турнир, а веќе одигра и три на неговата омилена подлога, на земја. Последен пат кога до мај не успеал да освои ниту еден трофеј се случи во далечната 2004 година.

– Се чувствувам добро. Навистина никогаш не сум пристигнувал на турнирот во Рим без да триумфирам барем еднаш на земјените терени, но навистина сега се чувствувам подобро. Понекогаш титулите не се одраз на формата во која се наоѓате. Не играв доволно добро за да победувам кога беше најпотребно. Мислам дека некои мечеви не би ги загубел доколку бев на своето ниво, но тоа е тенисот. Од сите мечеви на кои загубив оваа сезона, заслужив да загубам, освен во Акапулко кога бев поразен од Кирјос – изјави Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот