Начевски и Николов судат уште едно дерби на Олимписките игри

фото: EPA/EFE

Најдобрата македонска судиска двојка добија нова обврска на Летните олимписки игри кои се одржуваат во Токио, Јапонија.

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе делат судиска правда на супер дерби натпреварот помеѓу репрезентациите на Франција и Германија.

Претходно нашите арбитри ги судеа натпреварите помеѓу Португалија и Египет и Шпанија и Норвешка.

Дуелот помеѓу Германија и Франција ќе се игра утре со почеток од 14.30 часот по македонско време.

На табелата во групата „А“ после две кола водат Французите со четири бодови, колку што имаат и Шпанците. Следуваат Германците и Норвежаните со по два, без бодови се Бразил и Аргентина.

Во групата „Б“ на машкиот ракометен турнир водат Данска и Шведска со по четири бодови, Египет и Португалија имаат по два, а Бахреин и Јапонија се без бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот