На удар и Македонија како дел од КОВАКС механизмот: Индија со „привремена забрана“ за извоз на вакцината на „АстраЗенека“

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Индија привремено го запре извозот на вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19, дознава „Би-Би-Си“ од извори од британското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека, поради се поголемиот број на нови случаи на коронавирусот, кампањата за имунизација ќе мора да се забрза во наредните недели за што ќе бидат неопходни сите вакцини што моментно се произведуваат во Индија.

Потегот што официјални лица го опишаа како „привремена забрана“, се очекува да влијае на залихите на вакцини до крајот на април. Од мерката, веројатно ќе бидат погодени 190 земји кои се дел од КОВАКС механизмот, меѓу кои и Македонија.

КОВАКС е програма што ја води Светската здравствена организација и има за цел да обезбеди правична дистрибуција на вакцините за сите земји. Меѓутоа, првенствено е фокусирана на обезбедување на вакцина за сиромашните земји.

Најголемиот индиски производител на вакцини, Серумскиот Институт на Индија ја одложи испораката на вакцини за неколју земји, вклучувајќи ги и Велика Британија и Бразил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот