На Античкиот театар во Охрид поставена спомен-плоча за Горан Стефановски

Фото: МИА

На Античкиот театар во Охрид денеска е поставена спомен-плоча во чест на познатиот македонски писател и драматург Горан Стефановски.

Спомен-плочата е изработена по повод годишнината од смртта на Стефановски кој почина на денешен датум минатата година.

Од Лајонс-клубот „Лихнидос” што беше иницијатор на поставувањето на плочата за сеќавање на големиот Стефановски, соопштија дека за откривањето била планирана и соодветна свечена церемонија, но тоа е откажано во знак на почит кон загинатите и повредените во земјотресот во соседна Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот