Муратоглу, поранешниот тренер на Серена: Таа има 44 години и е многу стара за тенис, но од друга страна…
Се почести се гласините за враќање на Американката на тениската сцена, па се јави и нејзиниот поранешен тренер
Иако Серена Вилијамс го негираше можното враќање во тенисот во 2026 година по објавувањето на нејзиното повторно вклучување во антидопинг програмата на ИТИА, нејзиниот долгогодишен поранешен тренер, Патрик Муратоглу, повторно ја актуелизира оваа можност во подкастот „Спортските агенти“.
Препорачано
– Серена е Серена. Има само една како неа во историјата. Таа успеа да постигне работи во минатото за кои мислев, а и сите мислеа, дека се невозможни. Би рекол дека ништо не е невозможно за неа. Да се биде во совршена физичка состојба, што се чини дека е случај во моментов, несомнено е голема предност. Таа има 44 години, што значи дека е многу стара за овој спорт. Но, од друга страна, таа е во совршена физичка форма… – вели Муратоглу.
Серена се повлече од тенисот во 2022 година, изјавувајќи дека сака да се фокусира на семејните и деловните работи, а Муратоглу – кој ѝ беше тренер од 2012 до 2022 година – веројатно знае повеќе од другите дали таа размислува за враќање или не.


