Муцунски: Уште денеска да се изгласа петтиот сет мерки

тимчо муцунски
Тимчо Муцунски/ Фото: МИА

Време е, уште денеска, да се изгласа петтиот сет мерки. Време е Собранието да покаже одговорност, пратениците да си ја заслужат платата, истакна Тимчо Муцунски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш повторувам дека нашата пратеничка група бараше оваа помош да биде неповратна, а истовремено уште сега да изгласаме ваква помош покрај за февруари и март, и за април и мај. Целта, меѓу другото, е повторно да не ги ставаме компаниите и граѓаните во исчекување. Ние како пратеничка група нудиме решение. Седница за економските мерки денеска во 17:00 часот; во сабота во 12:00 часот; во недела во 12:00 часот; Седница во било кој друг термин кој ќе ги задоволи желбите на претседателот на Собранието. На таа седница ќе биде присутна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството нека обезбеди само 20 пратеници, не мора повеќе, и мерките ќе се донесат, рече тој.

Уште еднаш повторувам, рече Муцунски, дека нашата пратеничка група бараше оваа помош да биде неповратна, а истовремено уште сега да изгласаме ваква помош покрај за февруари и март, и за април и мај.

Тој истакна дека целта е повторно да не се стават компаниите и граѓаните во исчекување.

Според него пратениците се делегирани во Собранието да работат за граѓаните и да нудат решенија, а не да прават непотребен политички спектакал и театар.

Околу синоќешните случувања во законодавниот дом, Муцунски рече дека е срамно Собранието да не покаже капацитет да ги решава проблемите и не смее да има ваков однос спрема граѓаните и компаниите.

– Сакам примарно да ја информирам јавноста дека претседателот на Собранието и мнозинството по секоја цена синоќа не дозволуваа да се оддржи седница за петтиот пакет економски мерки. Седницата упорно не ја отвараа, точките упорно не ги ставаа на дневен ред. Во овој момент нема побитен закон и поголем приоритет од економските мерки. Затоа е апсолутно нејасно зошто синоќа се правеше се за да не се отвори таква седница. Слушнавме само изговори зошто не се отвара таа седница, но ниту една причина не беше поврзана со Деловникот на Собранието. Синоќа не слушнавме ниту еден разумен аргумент зошто не се отвори седницата со петтиот пакет мерки. Услови за таква седница има, и време е таа седница конечно да се закаже и оддржи, рече Муцунски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот