Мото ГП: Жоан Мир најдобар во „кралската“ класа!

epa08807511 Spanish MotoGP rider Joan Mir in action during the Motorcycling Grand Prix of Europe at Ricardo Tormo circuit in Cheste, eastern Spain, 08 November 2020. EPA-EFE/Kai Foersterling

Возачот на Сузуки, Жоан Мир ја освои титулата шампион на „кралската“ класа пред самиот крај на сезоната.

Тој го освои седмото место на Големата награда на Валенсија на која триумфираше Франко Морбидели од Петронас Јамаха.

За Мир ова е втора титула во неговата кариера, откако претходно беше шампион во Мото3 категоријата во 2017 година.

Воедно стана првиот возач кој ги освоил Мото3 и најдобрата „класа“, а исто така и прва титула на Сузуки после 20 години, а тогаш првак беше Кени Робен јуниор.

На победничкиот подиум покрај Морбидели се најдоа уште Џек Милер од Прамак и возачот на КТМ рејсинг, Пол Еспаргаро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот