Мото ГП: Триумф на Бањаја во Асен

Франческо Бањаја, возачот на „Дукати“/фото: EPA-EFE/Vincent Jannink

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја триумфира на трката за Големата награда на Холандија која се водеше на легендарната патека во Асен.

За разлика од претходната трка кога направи грешка, овој пат Бањаја извозе перфектна трка и беше во водство од првиот до последниот круг. На второто место се пласира Марко Бецеки додека третото место и последно место на победничкиот пиедестал му припадна на Маверик Вињалес.


Четвртото место го зазеде Алеш Еспаргаро кој во финишот од трката успеа да ги претекне Џек Милер и Бредли Биндер. Меѓу првите десет на трката во Асен завршија уште и Жоан Зарко, Жоан Мир, Мигел Оливеира и Енеа Бастијанини.


Голем пех во Асен доживеа актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Фабио Квартараро кој имаше два пада и не ја заврши трката.

По трката во Асен, следува пауза од шест недели и наредната трка ќе се вози на 7 август на патеката Силверстоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот