Мото ГП: Бањаја најбрз во Силверстоун

фото: EPA-EFE/Vincent Jannink

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја славеше на трката за Големата награда на Велија Британија што се возеше на легендарната патека Силверстоун.

Ова беше четврта победа за Бањаја во последни седум трки, а со триумфот дојде по големата борба што ја водеше со Маверик Вињалес. Но, Шпанецот кој вози за Априлија погреши во последниот круг и на крајот мораше да се задоволи со второто место, додека последното место на победничкиот подиум му припадна на Џек Милер од Дукати.

Французинот Жоан Зарко кој трката ја започна од пол позицијата беше во водство се до петтиот круг кога излета. Потоа водството го презеде Алекс Ринс кој беше претекнат од Бањаја.

Од четвртото до десеттото место се пласираа Енеа Бастијанини, Хорхе Мартин, Мигел Оливеира, Алекс Ринс, Фабио Квартараро, Алеш Еспаргаро и Марко Бецеки.

Лидер во генералниот пласман е актуелниот шампион Фабио Квартараро со 180 бода, Алеш Еспаргаро е втор со 158, а Бањаја со 131 освоен бод се наоѓа на третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот