Фото: EPA/Jose Manuel Vidal

Мото ГП: Алекс Маркез победник на трката за ГН Шпанија

Возачот на БК8 Гресини рејсинг, Шпанецот Алекс Маркез, победи на денешната трка во рамките од Мото ГП шампионатот на трката за Големата награда на Шпанија во Херез.

Алекс Маркез дојде до својата прва победа во сезоната со време од 40:48,86. Тоа беше негова четврта победа во кариерата во „кралската класа“.

Второто место му припадна на возачот на Априлија, Марко Бецеки од Италија, со заостанување од 1,903 секунди зад победникот. Третото место му припадна на возачот на Пертамина Ендуро ВР46, Фабио Ди Џанантонио од Италија, со заостанување од 5,796 секунди зад Маркез.

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, возачот на Дукату, Марк Маркез од Шпанија, излета од патеката во вториот круг и се откажа од трката.

Првото место во генералниот пласман на возачи го држи Бецеки со 101 бод, додека Шпанецот Хорхе Мартин од Априлија е втор со 90.

Следната трка во шампионатот ќе се одржи на 10 мај за Големата награда на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот