МОН: Изработката на учебници е комплексен процес и зависи од повеќе фактори

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и извршувани активностите од наша надлежност за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма, велат од Министерството за образование и наука, откако Комсијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека не е испочитувана законската обврска да се обезбедат учебници по сите наставни предмети на сите јазици на кои се изучува наставата во основното образование пред почетокот на новата учебна година.

Од Министерството појаснуваат дека тие немаат законски механизми со кои можат да влијаат на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет.

Секој неуспешен повик повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници. – додаваат од Министерството.

Тие информираа дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од и очекуваат поддршка од сите засегнати чинители.

ВИДЕО|КСЗД: МОН не го испочитува законскиот рок да обезбеди учебници, можна е судска постапка

КСЗД вчера одржа прес-конфернција на која ја образложија состојбата со учебниците, при што беше утврдено дека од вкупно 126 учебници потребни за сите задолжителни изборни предмети во деветгодишното основно образование, на почетокот на оваа школска година МОН не обезбедило 43 учебници, односно недостигаат 34 проценти од учебниците.

Весна Бендевска од КСЗД на прес-конференцијата појасни дека во овој случај, со ваков недостиг на учебници, констатираната дискриминација не само што не е отстранета, туку е во многу поголеми размери.

На прашањето како ќе постапи Комисијата, Бендевска одговори дека во овој случај тие имаат обврска да поведат прекршочна пријава, но бидејќи се работи за дискриминација на голема популација, голем процент од учениците остануваат без учебник како основно средство за стекнување знаење, имаат право да поведат тужба од јавен интерес против државните институции.

Оваа одлука, како што соопшти таа, ќе биде разгледана на седница во текот на оваа недела и ќе донесат конечна одлука, со што ова ќе биде прв случај, Комисијата да побара ваква судска постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот