Училиштето „22 ноември“ / фото: Гугл мапс / Новица Милановиќ

Момчето прободено во училиште се бори за живот — има тешка рана во стомакот и исеченица на лицето

Крвавиот инцидент се случи во основното училиште „22 ноември“ во скопската населба Ченто, кога врсник го избоде 14-годишното момче со нож

Директорот на Ургентниот центар во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, Игор Мерџаноски, соопшти детали за здравствената состојба на 14-годишното момче кое во неговото училиште „22 ноември“ (порано „25 мај“) во скопската населба вчера беше прободено со нож од врсник. Состојбата, според докторот, и натаму е сериозна.

„Пациентот има 14 години и е примен вчера околу 14:40 часот со убодна рана во пределот на стомакот и со посекотина на главата. По приемот е извршена компјутерска томографија и лабораториски тестови и итно е префрлен на интензивна нега, каде што е утврдена индикација за итна операција. Пациентот е опериран вчера. Неговата состојба денеска е стабилна, но сепак е во животна опасност. Има оштетување на црниот дроб и долната шуплива вена, која е вена во пределот на стомакот“, вели д-р Мерџаноски за телевизијата „21“.

Околу крвавиот инцидент денеска се огласи градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, осудувајќи го насилството.

„Со жалење и сериозна вознемиреност ја примив информацијата за немилиот настан кој се случил во училиште во Ченто, каде што еден поранешен ученик кој минатата година го завршил своето образование во ова училиште, дошол и повредил ученик од девето одделение. Во разговор со членови на семејството на повредениот ученик информиран сум дека детето е во добра здравствена состојба и се наоѓа на болничко лекување“, пишува во објавата на Стефковски.

„Насилството не може да се оправда со ништо. Општина Гази Баба останува во постојана координација со надлежните институции кои превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, додава градоначалникот на Гази Баба.

Се запали „порше“ во движење во Радишани, возачот не е повреден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот