15-годишен насилник влегол во училиште во Ченто и со нож избол врсник
Ново вознемирувачко насилство меѓу тинејџери ја потресе јавноста. 15-годишник вчера влегол во основно училиште во скопската населба Ченто и со остар предмет избодел ученик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Препорачано
Според информациите, напаѓачот е уапсен и против него ќе следи соодветна пријава.
„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.
Од МВР информираат дека предметот што бил употребен во нападот е пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Неофицијално, како што пренесуваат дел од медиумите, повредениот ученик бил итно пренесен во болница, каде бил опериран поради сериозноста на повредите. Засега нема официјални податоци за неговата здравствена состојба, ниту за мотивите што довеле до нападот.
Деца фрлале сешто кон кафеана во скопски трговски центар, газдата едно фатил и го натепал


