Момче од беровско се скарало со домашните и ја потпалило семејната куќа додека сите биле внатре

Фото: Ada Be / Flickr / CC BY 2.0

21-годишен жител на беровското село Митрашинци доби кривична пријава за тешки дела против општата сигурност, откако ја потпалил семејната куќа додека во неа биле неговите блиски, со кои имал кавга, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д.(21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 17.03.2023 во село Митрашинци, беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот