Моќен домашен мелем за мускулите и зглобовите: Болките исчезнуваат уште по првото нанесување!

Фото: Профимедиа

Ја отстранува болката во рекорден рок – Болката во грбот е се почест проблем. Речиси секој трет човек барем еднаш се соочил со овој вид болка. Решението за овој проблем го има традиционалната медицина. Наместо да потрошите многу пари на крема против болки, подгответе сами домашен мелем. За подготовката ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

Главната состојка на овој мелем е црвената пиперка, а добро е познато дека таа е многу лековита. Таа е одлична за ослободување од сите видови болка, а исто така има корисен ефект врз нервниот систем.

Овој мелем ќе ви помогне брзо и ефикасно да ја решите болката во мускулите и зглобовите.

Потребни состојки:

– 250 мл. маслиново масло
– 2 лажици мелена црвена пиперка
– 15 гр. пчелин восок

Начин на подготовка:

Загрејте го маслиновото масло заедно со црвената пиперка на пареа. Промешајте и оставете ја смесата да се излади околу 20 минути, а потоа уште еднаш загрејте ја и повторете го целиот процес. Потоа, процедете го маслото преку густа газа и оставете го настрана.

Загрејте го восокот додека не се растопи целосно, а потоа додајте ја мешавината од маслото и црвената пиперка во него и добро промешајте.

Мелемот чувајте го во стаклена тегла и користете го секогаш кога ќе почувствувате болка во мускулите и зглобовите.

Напомена: Избегнувајте нанесување на мелемот врз отворени рани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот