Мојсовска: Нашите лидери мислат на краток рок, да создаваме подобри услови за бизнисите за креирање работни места

Неизвесноста е проблем. Додека во почетокот мислевме дека треба да се прилагодиме на некој краток рок од два до три месеци, сега се покажува дека треба да се подготвуваме на многу подолг рок. Ги слушаме најавите на најголемите компании од САД, кои велат дека до крајот на оваа година сите ќе работат од дома. Тоа значи дека се менува начинот на живот и работата на бизнисите. Сметам дека ние се уште не се прилагодивме на ова темпо, но морам да ја спомнам и политичката ситуација во земјава која е се уште нестабилна и доведува да мислиме на тоа, место да мислиме на подолг рок. Секогаш нашите лидери мислат на краток рок, ретко кој размислува што потоа, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, професорката Никица Мојсовска и извршен директор на Македонија 2025.

Бизнис активностите замираат за време на изборите, а се наоѓаме во исклучително тежок период.

-Кај нас за време на избори постои еден голем проблем. Имено се замира, освен печатарската индустрија која бележи раст. Проблемот е што изборите создаваат дополнителна неизвбесност и за граѓаните и за бизнисите и се поставува прашањето – што потоа? Но она што мене ме загрижува е што најчесто недостасува чувството и осетливоста кај партиите. Никој од нив не смета каде сме сега, каква е ситуацијата која е реалноста и одма ветуваат дека животот ќе биде убав. Се наоѓаме во исклучително тежок период. Се наоѓаме во период каде што имаме субвенции, но сето тоа е во еден меѓу простор и рано е да се кажат ефектите и што после изборите, вели Мојсовска.

Која и да е наредна влада ќе се соочи со задолженоста на државата.

-Сегашната задолженост ќе биде проблем на секоја наредна влада. Сите земји посегнаа по инструментот задолжување. Проблематично е како ќе се трошат тие пари. За жал, повеќето од тие пари, освен оние кои што отидоа како поддршка на компаниите, повеќето од тие пари ја поддржуваат потрошувачката, а тоа значи дека мислиме на сега, а не што потоа, изјави Мојсовска.

Таа додаде дека мора да се создаваат нови вредности за да се креираат средства со кои би се вратиле задолжувањата.

-За жал во моментов не гледам дека некој е фокусиран на таа иднина – капитални инвестиции, подобрување на бизнис опкружувањето. Ние мора да создадеме подобри услови за бизнисите да работат подобро. Тие ги креираат работните места, а со тоа и вредност да се варатат парите од задолжувањата. За жал со некои мерки, нема сосема да се исполни таа цел. Проблемите допрва ќе излезат на површина, изјави Мојсовска

Таа упати апел до сите да се размислува како ќе се вратат тие средства и како да се создаде поголема вредност.

-Заборавивме на многу инфраструктурни проекти, на деловното опкружување, значи на многу клучни работи кои се и тоа како битни за иднината. Премноу се фокусиравме на сегашноста. На почетокот тоа и беше разбирливо, бидејќи сметавме дека ова ќе пројде релативно брзо (пандемијата), но кога гледате дека продолжува понатаму мора веднаш да имате ноив сет на мерки, нови политики фокусирани на иднината, вели Мојсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот