Кристијан Кован и Сем Смит на годинашната Мет гала / Фото: Profimedia

„Многу се вљубени“: Сем Смит се сврши со модниот дизајнер Кристијан Кован

Пејачот Сем Смит и неговиот долгогодишен партнер, модниот дизајнер Кристијан Кован, се свршиле, пренесуваат странските медиуми.

Двојката, која заедно се појави на годинашната Мет гала, наводно била слушната како разговара за свршувачката во хотелот „Марк“ пред да зачекори на црвениот тепих.

Кован на настанот носеше впечатлив црно светкаво палто, со соодветни панталони инспириран од Ерте, кој самиот го дизајнирал, а вниманието особено го привлече огромниот квадратен жолт дијамантски прстен од „Картие“.

„Колку што разбрав, станува збор за приватна свршувачка. Пресреќни се и многу вљубени“, открил извор за странските медиуми.

Подоцна, Сем Смит на Инстаграм објави фотографии од нивните модни комбинации, споделувајќи дел од инспирацијата зад изгледот.

„Отсекогаш сум го сакал Ерте. Начинот на кој ја внесе костимографската уметност во светот преку своите визионерски илустрации. Познатиот гламур од 1920-тите, 255.000 кристали и монистра, 2.000 часа рачно шиење. Овој изглед е љубовно писмо за кралот на модната илустрација – и за мојата љубов, Сем“, напиша Кован.

Кристијан Кован и Сем Смит / Фото: Инстаграм/Сем Смит

Да потсетиме, 33-годишниот добитник на Греми и 32-годишниот дизајнер првпат беа поврзани во јавноста во декември 2022 година, кога заедно присуствуваа на церемонија во Белата куќа.

Своето деби како пар на црвениот тепих го имаа на Мет гала во 2024 година, а оттогаш редовно заедно се појавуваат на модни ревии и јавни настани.

Сем Смит проговори за целото искуство како родово-небинарна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот