Млад кромид / Фото: Mike Goad / pixabay.com

Младиот кромид е спас за 4 видови болести: Стар народен лек што треба да го знаете

Познато е дека младиот кромид има антибактериски својства и штити од разни воспаленија, помага при настинки, а исто така е одличен и за подобрување на варењето на храната.

Треба да имате предвид дека зелениот дел од младиот кромид никогаш не треба да се фрла, бидејќи содржи состојки кои се важни за вашето здравје.

Младиот кромид е богат со витамини и минерали и е многу хранлив и има благотворно дејство на организмот.

Алтренативната медицина го смета овој пролетен зеленчук за исклучително здрава намирница која делува на телото и однатре и однадвор.

Со оглед на тоа што е богат со витамини Ц и К, ги зајакнува и штити коските и помага при разни заболувања. Благодарение на неговите антиинфламаторни својства, помага во борбата против габите, стресот и заморот.

Покрај тоа, одличен е во намалувањето на крвниот притисок и ви помага да се борите против настинки.

Помага при болно и воспалено грло

Исечкајте го зелениот дел од стеблото на парчиња, додајте малку рендан ѓумбир и сол и сè заедно ставете во платнена ќесичка или крпа, па загрејте ја. Врелата ќесичка завиткајте ја во уште една крпа и ставете ја на воспаленото место.

Го намалува отокот на нозете

Варете го зелениот дел од младиот кромид неколку минути.

Изблендирајте и, ако е потребно, додајте малку вода додека смесата не се претвори во паста што можете да ја користите за да ги намачкате нозете.  Со таа паста намачкајте ги отечените нозе.

Го отзатнува затнатиот нос

Згмечете малку од зелениот дел на младиот кромид и со сокот што ќе го испушти натопете парче памук. Памукот ставете го на носот во пределот на синусите. Кромидот ќе ја активира слузницата и ќе го отзатне носот и дишните патишта.

За поубава кожа

Младиот кромид му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и тонирана кожа. Колагенот е одговорен за забавување на формирањето на брчки на лицето и е состојка на многу кремови и козметички препарати.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот