Младиот Богатиновски се подготвува за трката во Белград

фото: mia.mk

Петар Богатиновски се враќа на картинг патеките, тој е шампионот на Македонија во класата до 10 години.

Како што е најавено, на 5 септември (сабота) 2020 година, ќе се натпреварува на патеката „Ада Хуја“ во Белград (Србија).

Тоа е четврта трка годинава, но за нашиот возач ќе биде прв настап поради пандемијата на коронавирус.

Оваа трка се бодува за Централно-Европската зона, Богатиновски ќе настапи во класа 2 Ротакс Мини Макс, за натпреварувачи од 10-12 години.

Досега беше дел од класата 1, за учесници до 10 години. Воедно е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, како и европски вицешампион (2018) во неговата категорија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот