ВИДЕО | Тифа од „Бијело дугме“ со шокантно признание: Мешав хероин со ЛСД

Фото: Младен Војичиќ Тифа/Фејсбук

Еден од најпознатите рокери од просторот на поранешна Југославија, поранешниот пејач на „Бијело дугме“, Младен Војичиќ Тифа (61), пред извесно време зборувал за лесните дроги и за тоа како и кога ги консумирал.

На социјалните мрежи повторно е активна снимката од неговото гостување во емисијата за „Балкан инфо“, а поради неговото признание за консумирање наркотици и алкохол.

– Каков пекол? Јас тогаш пиев за да се чувствувам добро. Земав дрога за да се чувствувам добро. Каков пекол? Тоа е само за будали. Знаете што велат, хероинот е опасна комбинација, јас го комбинирав со ЛСД, што! Можев да поднесам – рекол рокерот.

@tvbalkaninfo Veliko poštovanje za našeg Tifu! #balkaninfo #aleksandarpavkovic #mladenvojicic #tifa #kafana #splavovi #provod #bijelodugme #exyurock #srbija ♬ original sound – tvbalkaninfo


Тифа поради својата исповед доби критики од обожавателите кои сметаат дека со ова не е добар пример на младите.

Подоцна зборувал за тоа дека со срцето оди низ животот и дека не е добро кога се користи мозокот.

– Никогаш не се каам за ниту една моја постапка. Знам дека има само еден живот. Во мојот случај, многу е важно да правам сè од срце. Штом ќе почнеш да го користиш мозокот, тогаш пресметуваш, а јас правам сè  спонтано и рефлексно – рекол тој.

Старо-ново уживање: Бјело Дугме со две нови реизданија на компилациите од сингловите од 70-тите

Видео на денот