Фото: Принтскрин од видео од Н1

Млад српски фудбалер е исфрлен од клубот, одбил да оди на митинг на партијата на Вучиќ

Фудбалерот Јован Зоговиќ од Крушевац од Србија одбил да присуствува на собир во Бор на Српската напредна странка (СНС), партијата на Александар Вучиќ. Зоговиќ отворено изјавил дека ги поддржува студентите. И тоа го чинело, како што тврди, исфрлање од фудбалскиот клуб „Бор 1919“, пренесува Н1.

Поради јавно изразениот став и одбивањето како играч на клубот да ја поддржи владејачката партија, моментално не игра никаде. Од клубот одбиваат да потврдат било каква приказна за „политичка одмазда“.

„Добивме порака во Вибер група дека мораме да присуствуваме на тој митинг како фудбалери. Пред митингот имавме состанок за тоа дали ќе одиме или не. Тренерот праша дали некој нема да оди, секако кренав рака бидејќи не ми паѓа на памет да го валкам своето име и презиме“, посочува младиот фудбалер.

Зоговиќ раскажува дека од Нови Сад до Ниш бил на секој студентски протест.

„(Тренерот) ме праша дали тоа е мојата конечна одлука, реков: секако. Потоа имавме состанок со претседателот (на клубот) и тој рече дека тоа сепак не е задолжително, дека одиме таму само за да нè видат – за да нè види Александар Вучиќ како стоиме бидејќи тој ни дава буџет за финансирање на клубот“, вели младиот фудбалер.

Претседателот на клубот му рекол по еден натпревар дека „не припаѓа“ во Бор и дека треба да се врати во Крушевац. Од клубот го демантираа тоа, наведувајќи дека фудбалските квалитети на Јован „не биле задоволителни“.

„Очигледно тука, ако имаш свој став, не припаѓаш“, вели Јован и додава дека размислува да ја напушти Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот