Митревски се моли за Кинтана: Изведи ја најважната одбрана во твојот живот!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека на тренингот на португалскиот Порто голманот Алфредо Кинтана доживеа срцев удар.

Кинтана заедно со македонскиот репрезентативец Никола Митревски го сочинува главното дуо голмани на екипата.

И двајцата во текот на досегашните натпревари покажуваа одлични перформанси, како клуч и за добрите резултати на клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Mitrevski (@nikolamitrevski16)

Во исчекување на најновите информации околу здравствената состојба на Кинтана, денеска преку социјалните мрежи нашиот чувар на мрежата се огласи со емотивна порака до тимскиот колега.

– Како и секогаш, одбрани уште еднаш, изведи ја најважната одбрана во твојот живот – напиша Митревски на „Инстаграм“.

Колегата на Митревски во Порто доживеа срцев удар сред тренинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот